Искусниот 30 годишен фудбалер, Леонардо Бонучи како што е познато се пресели од редовите на Јувентус во Милан.
Очекувано овој трансфер крена многу прашина во јавноста. Италијанецот преку ноќ стана една од најомразените личности во Торино, а раководстовото на „старата дама“ одлучи името на Бонучи и целосно да биде избришано.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите навивачи на Јувентус кои имаат дрес од овој фудбалер, можат целосно бесплатно да го вратат во фан шопот на клубот, а за возврат ќе добијат дрес од некој друг фудбалер, по нивни избор.
Бонучи седум години го носеше дресот на Јувентус. Иако беше столб на одбраната, предавството скапо го плати и сигурно дека повеќе никогаш во Торино нема да има „топло“ добредојде.