Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од сабота, 29. мај започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците чинат 300. денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“. Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30 %.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од Ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.
Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.
Фото: ФФМ