Дома Фудбал Англија Од Островот најавуваат: Џон Тери може да се врати во Челзи

Од Островот најавуваат: Џон Тери може да се врати во Челзи

Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери би можел да се врати во овој клуб.

Откако ја одби опцијата да премине во екипата на Спартак Москва, изгледа легендарниот стопер на „сините“ има намера да ја заврши играчката кариера.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека тоа би требало да значи дека наскоро ќе се врати во Челзи, но како еден од тренерите во клубот. Имено, тој би требало да ја превземе функцијата тренер на тимот на „сините“ до 23 години откако Џоди Морис се приклучи на Френк Лампард во Дерби Каунти.

Да потсетиме пред неколку дена по повод овие најави се огласи тренерот на сениорскиот тим на Челзи, Маурицио Сари кој потенцираше дека Тери е добродојден во клубот.

Истиот извор пренесува дека Тери на новата функција во Челзи би добивал плата од 800.000 фунти годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жестоки критики за Синер од Италија: Треба да му ги одземете сите признанија!

Ако досега некому му се чинело дека во Македонија понекогаш се претерува со односот кон св…