Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку веќе подолго време се поврзува со трансфер во Интер.
Лукаку и покрај тоа што е пред трансфер отпатува со Манчестер Јунајтед на подготовките за новата сезона, меѓутоа се зголемија шансите истата брзо да ја напушти.
Агентот на белгискиот напаѓач веќе некое време работи на негов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот објавија дека Солскјер ќе се обиде да го убеди Лукаку да го промени мислењето и да остане, но изгледа неговиот обид не бил успешен затоа што преговорите помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед продолжуваат.
Сега не станува збор за некаква шпекулација, Пјер Аусилио, спортскиот директор на клубот потврди дека преговорите се во тек.
„Се сретнавме со Манчестер Јунајтед за Лукаку. Тоа беше официјален состанок помеѓу претставници на два клуба. Повеќе од тоа не можам ништо да кажам. Знаеме кои се желбите на Конте ќе се обидеме да му ги исполниме“, изјави спортскиот директор на Интер за „Скај Спорт Италија“.