Управата на Баерн Минхен потврди дека водат преговори со Челзи за купување на талентираниот Калум Хадсон Одои од Челзи.
Ќе потсетиме, „сините“ неодамна одбија четири понуди од гигантот од Минхен, а последната изнесуваше 35 милиони фунти (37 милиони евра).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн сепак како да не сака да прифати „не“ за Одои. Хасан Салихамиџиќ кој е спортски директор на клубот даде свој коментар на целата ситуација.
„Во преговори сме со Челзи. Сакам да го доведеме Калум, убеден сум дека има голем квалитет. Ќе биде одлично засилување“, најавува Салихамиџиќ.
Вчера од на Островот, од друга страна пак се појавија информации дека Челзи е спремен да ризикува и да го убедува Одои да остане до крајот на неговиот договор (јуни 2020).