Голманот на Ајнтрахт Франкфурт Кевин Трап вчера доживеа слатка одмазда против Барселона на „Ноу Камп“ откако неговиот тим победи со 3:2.
Германскиот голман сигурно, иако не сака се сеќава како чувајќи го голот на ПСЖ прими шест голови во оној познат реванш во Лигата на шампионите (6:2). Барселона тогаш изгуби 4:0 во првиот натпревар, но со победа од 6:2 во реваншот го елиминираше францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам зборови со кои можам да опишам како се чувсатвувам, игравме како тим. Нашиот план го реализиравме до совршенство. Се чувствуваме како да играме дома во Франкфурт, беше неверојатно. Затоа и после натпреварот останавме на теренот, да се дружиме со навивачи кои не разбудија“, изјави Трап кој не можеше да верува кога видел 30.000 фанови на германскиот клуб на трибините.
„Голема гордост, радост…Нивната поддршка беше неверојатна, насекаде на стадионот можеше да се види бела боја. Играм со години, но никаде претходно не сум доживеал вакво нешто. И пред да ме прашате – да, она што го доживеав во 2017 година сега е заборавено“, изјави Трап пред новинарите.
Во полуфиналето од Лигата на Европа Ајнтрахт ќе се соочи со Вест Хем кој вчера го победи Лион со 3:0.