Дома Фудбал Овие осум репрезентации се пласираа на ЕП. Вечерва може да им се придружат уште две

Овие осум репрезентации се пласираа на ЕП. Вечерва може да им се придружат уште две

АВСТРИЈА синоќа стана осмата репрезентација која ќе настапи на Европското првенство следната година.

Австријците победија во Азербејџан (1:0) со голот на Марсело Сабицер од пенал и така заедно со Белгија од оваа група обезбедија пласман.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Австрија и Белгија, на ЕП веќе се пласираа Франција, Португалија, Шпанија, Турција и Шкотска, како и домаќинот Германија.

Вечерва може да им се придружат Данска од групата Х и Унгарија од групата Г. Унгарците би ја добиле групата Г со победа против Литванија на гости, а на Данците им треба победа над Сан Марино, реми на Казахстан со Финска и Словенија да не загубат во Северна Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…