Хрватскиот стратег Ковач вчера доби отказ во Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако, веднаш после отпуштањето на Ковач започнаа шпекулации за тоа кој би требало да биде негов наследник, а имиња има неколку.
Арсен Венгер, Ралф Рангик и Мaрк Ван Бомел се само некои од имињата кои конкурираат, барем според медиуми, но како главни кандидати се истакнуваат Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.
Дури и пред Ковач да биде отпуштен се пишуваше дека Алегри е главен кандидат да биде тренер на Баерн, но навивачите на германскиот гигант го сакаат само Жозе Мурињо.
Мурињо е без ангажман скоро една година, а освен Баерн неодамна се доведуваше и во врска со Арсенал.
Како и да е се очекува Баерн многу брзо да именува нов стратег.