Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ОВА СЕ ДОКАЗИ: Модриќ против Русија го одигра најдобриот натпревар за Хрватска

ОВА СЕ ДОКАЗИ: Модриќ против Русија го одигра најдобриот натпревар за Хрватска

modric

Лука Модриќ ја води Хрватска кон медал на СП.

И во последниот натпревар, во четвртфиналето против домаќинот Русија (2:2, Хрватска победи 4:3 на пенали) потврди дека е најдобриот играч за врска во светот. Хрватска и вториот дуел во нокаут фазата го доби на пенали, а Модриќ, кој ги одигра сите пет натпревари на СП, ФИФА веќе трети пат на првенството го прогласи за играч на натпреварот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тоа го направија и сите угледни светски медиуми. Но, во овој текст потсетуваме зошто Модриќ е и навистина објективен и точен. Да ги погледнеме бројките на Модриќ кои се прикажани во трите најпопуларни и најпрестижни фудбалски статистики.

 

„WhoScored“ го прогласи Модриќ за играч на натпреварот со фантастична оцена 9,19. Прв зад него е Манџукиќ, но со 8,05. Модриќ до ваква оценка дојде со една аситенција, потоа со четири клучни додавања, осум успешни дриблинзи, четири изнудени прекршоци и дури 102 додавања.

 

„Squawka“ ги наведува постигнувањата во споменатите категории, но додава и дека хрватскиот играч имаше дури 140 додири со топката, со успешност на додавањата од 87%, десет центаршутеви и три удари кон голот. „Сето ова во еден ден на работа“, за крај напиша „Squawka“.

„Opta Jose“ истакнува дека Модриќ стана првиот хрватски фудбалер на СП кој направи повеќе од 100 додавања. Заштитниот знак на „Opta“ е еден збор кој ги завршува бројките. Тој збор е „гениј“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дали Меси ќе игра на Мундијалот 2026 година?

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи…