Маркос Алонсо ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната, најави Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се трансферите во прашање.
Романо наведува дека Алонсо и Барселона се разделуваат во одлични односи. Алонсо пред две години пристигна во Барселона како слободен играч, а оваа сезона е во втор план и на теренот мина само 299 минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вкупно, 33-годишниот дефанзивец одигра 44 натпревари за Барселона, последниот во октомври минатата година. Пред него своја шанса добиваат Алехандро Балде и Жоао Кансело.
Заедно со Алонсо клубот би можел да го напушти и Серхи Роберто. Романо пренесува дека заминувањето на Роберто зависи од иднината на Чави на клупата на Барселона.