Фудбалските власти на Италија поставија нова цел и тоа е завршување на првенството на 12 јули, пренесува „Газета Дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Информациите наведуваат дека федерацијата може да спроведе масовни тестови за КОВИД-19 на 27 април, а во отсуство на позитивни примероци, играчите ќе го продолжат со тренинзи на 4 мај.
Во моментов идејата е Серија А да продолжи на 31 мај, а тоа ќе даде доволно време тимовите да ги одиграат сите натпревари до 12 јули.
Сепак, ова нема да биде крај на целата сезона, бидејќи УЕФА сака да се одиграат европските клупски турнири откако ќе завршат домашните првенства.