Дома Останати Тенис Ова е загрижувачки: Погледнете што му се случуваше на Ѓоковиќ во Женева 🎥

Ова е загрижувачки: Погледнете што му се случуваше на Ѓоковиќ во Женева 🎥

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше запрен во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева.

Ѓоковиќ во три сета беше поразен од Томаш Махач во меч во кој имаше одлични, но и очајни моменти. На крајот Новак мораше да му пружи рака на расположениот и подобар денес Махач кој со победа од 2:1 се пласираше во финалето.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Но, една сцена посебно ги загрижи фановите на Ѓоковиќ. Камерата која го снимаше одблиску српскиот тенисер го забележа неговото силно тресење на раката додека пиеше вода.

Следен предизвик на Ѓоковиќ е настапот на Ролан Гарос во Париз, меѓутоа формата со која игра не ветува премногу. Ѓоковиќ во актуелната сезона се уште е без освоен трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Ако не можам да се борам за титулата на Вимблдон, местото ќе им го препуштам на другите

Ссдумкратниот шампион на Вимблдон, Србинот, Новак Ѓоковиќ, е охрабрен од неговиот напредок…