Дома Фудбал Лига на шампиони Објаснување: Еве зошто беше поништен голот на Бензема

Објаснување: Еве зошто беше поништен голот на Бензема

Реал Мадрид во саботата по 14-ти пат стана европски шампион.

Во финалето на Лигата на шампионите одиграно во Париз, „Кралевите“ славеа со голот на Винисиус со 1-0 против Ливерпул и на тој начин ја освоија својата петта шампионска титула од 2014 година.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во финишот на првото полувреме голот на Карим Бензема беше поништен при резултат 0:0. Мислењата се поделени, некои сметаат дека голот е оправдано поништен, некои дека не е, а сега стигна и официјалната потврда – голот на Бензема е оправдано поништен, иако пред да стигне топката до Французинот со неа играше Фабињо.

Судиите требаше да одлучат дали Фабињо имаше намера да игра со таа топка или едноставно се одби од него. На крајот беше одлучено дека ситуацијата е во „сива зона“, односно судијата да може да одлучи по слободна проценка.

Судиското убедување беше дека Фабињо немал намера туку само скокнал да го пресече додавањето од Валверде, а не играл доброволно со топката.

„Се смета дека играчот во офсајд позиција не е офсајд кога ја прима топката од противник кој доброволно ја игра топката“, стои во текстот на правилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Спалети во репрезентацијата на Италија го повика синот на Малдини

Синот на Паоло Малдини доби повик во репрезентацијата на Италија од селекторот Лучано Спал…