Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на претстојното Европско првенство 2023.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во групата „Ц“ во Скопје, македонските одбојкари играат со светскиот одбојкарски моќник Полска, со Холандија и Чешка, кои се почитувани репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора.




Токму со нив ќе почнеме да се натпреваруваме во арената „Борис Трајковски“ од 30-ти август до 6-ти септември годинава. Првите четири репрезентации од групата ќе обезбедат осминафинале.




РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска
02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска
05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија
06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка