Нејмар е фудбалер со највисока плата во француската Лига 1, објави денес еминентниот весник „Екип“.
Бразилецот е пред Лионел Меси, кој минатото лето пристигна во ПСЖ од Барселона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од податоците кои денес ги објави „Екип“ само двајца фудбалери кои не се од ПСЖ се меѓу 23-та најплатени фудбалери во Лига 1. Станува збор за ѕвездите на Монако, Бен Једер и Цеск Фабрегас.
Нејмар месечно добива 4 милиони евра бруто плата, додека Меси има плата од 3.375.000 евра бруто. На трето место е Килијан Мбапе, а потоа следуваат Маркињос, Верати, Хакими и Навас.
„Екип“ го откри и платите на тренерите, каде далеку најплатен е Маурисио Покетино со 1,1 милиони евра бруто плата на месец.
The 20 biggest salaries in Ligue 1. [L'Equipe] pic.twitter.com/TsfTIkyVPL
— Football Talk (@Football_TaIk) March 22, 2022