Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е фаворит кај обложувалниците на Островот за да биде следниот тренер кој ќе добие отказ во Премиер лигата.
Тоа се случи после третиот последователен пораз на „црвените“, откако Клоп призна дека неговиот тим повеќе нема шанси за титулата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Англиските обложувалници даваат квота 1.83 за тоа Клоп да добие отказ од кормилото на Ливерпул.
Следен на списокот е менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо кој има квота од 4.00 дека ќе добие отказ.
Следуваат Рои Ходсон, Стив Брус и Сем Алардајс.