Дома Фудбал Англија ОБАМЕЈАНГ СРУШИ РЕКОРД: Ги надмина Анри, Рајт и Санчез

ОБАМЕЈАНГ СРУШИ РЕКОРД: Ги надмина Анри, Рајт и Санчез

aubemeyabng

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг го надмина Тиери Анри и стана играчот кој најбрзо постигна 25 гола во Премиер лигата за клубот.

Обамејанг ја достигна таа бројка во само 37 натпревари, додека на претходно најбрзиот Анри му беа потребни 42 натпревари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тоа е извондредно импресивно од страна на Габонецот, кој исто така е пред останатите големи имиња на оваа листа, како што се Иан Рајт, Алексис Санчез и Денис Бергкамп. Обамејанг пред само година дена се приклучи на Арсенал од Дормтунд, но брзо се прилагоди на англискиот фудбал и стана закана за голот на противникот.

Ако продолжи вака, кој знае кои други рекорди би можел да ги сруши во дресот на клубот од „Емирати“. Што се однесува на потенцијалните награди за голови, 29-годишниот фудбалер исто така би можел да биде во конкуренција за Златната копачка оваа сезона, бидејќи сега е на само еден гол од најдобриот стрелец на листата, Мохамед Салах во Премиер лигата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…