Дома Фудбал Останато Обамејанг импресиониран од Леао: Неверојатен е!

Обамејанг импресиониран од Леао: Неверојатен е!

Челзи синоќа оствари голема победа против Милан од 3:0, а стрелец на еден од головите беше Плјер Емерик Обамејанг.

Обамејанг е среќен што играше против својот поранешен клуб каде ја започна кариерата и истакна дека не очекувал  толку силен отпор од Италијанците и покрај победата од 3:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да бидам искрен, беше навистина тешко да победиме. Без разлика на резултатот, Милан игра многу добар фудбал. Ако бидам најискрен, не очекував да бидат толку силни, но сметам дека вистинскиот пристап и интензитетот не донесоа до победа“, изјави Обамејанг, кој остана посебно импресиониран од Леао.

„Рафаел Леао е неверојатен фудбаелр, навистина импресивен. Многу е брз, моќен, може да направи разлика во секој момент. Немам што друго да кажам освен дека е неверојатен“, додаде напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …