Босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ кој е повреден вчера присуствуваше во плејоф натпреварот на неговиот Портланд против Денвер и уште еднаш пружи поддршка на неговиот тим, но испрати и голема провокација до српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Нуркиќ во салата за овој натпревар се појави со маица со испишани имиња на војниците кои во деведесетите години војуваа и ги загубија своите животи, а во босанската јавност имаат статус на херои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа овие војници кои за луѓето во Босна се херои се нешто спротивно за српскиот народ против кој војуваа и јасно е дека ова е само провокација до најдобриот кошаркар на Денвер.
Во медиумите се пишува дека Нуркиќ за ваквиот потег сигурно ќе заработи казна од НБА лигата.
"Heroes" who killed the Serb people in Bosnia, innocent people and children, this is a provocation for Jokic and the Serbs who watch this game. This is mixing sports with war and politics, completely unnecessary. I hope the NBA will do something about this, this is terrible.
— Chucky (@MMrcevic) May 10, 2019