НОВАК ЃОКОВИЌ триумфално ја започна одбраната на титулата на УС Опен и нападот на 25. Грен слем во кариерата победувајќи го Раду Албот од Молдавија, 138. тенисер во светот, со 6:2, 6:2, 6:4. во првото коло во Њујорк.
За Ѓоковиќ, четирикратниот победник на УС Опен, ова е историска победа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, тој со 78. славје на стадионот Артур Еш стана рекордер по бројот на победи на најголемата тениска арена во светот, со капацитет од 23.771 гледачи.