Дома Фудбал Нови проблеми за Хамес Родригез

Нови проблеми за Хамес Родригез

Во Реал Мадрид се загрижени после информациите дека Хамес Родригез заработил повреда на коленото за време на репрезентативната акција.

Наводно, медицинскиот тим на колумбијската репрезентација веќе го контактирал Реал поради повредата на офанзивецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Следниот чекор ќе бидат деталните прегледи за да се утврди тежината на повредата. Прегледите би требало да бидат направени во Мајами, во следните денови.

Она што е сигурно е дека Родригез нема да игра на следниот натпревар за Колумбија, против Перу.

Инаку, Хамес неодамна ги надмина проблемите поради кои беше надвор од теренот неколку недели, а поради повреда имаше пауза и во првата половина на септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мињоле најави крај, па почеток на нова работа!

Сајмон Мињоле одлучи да ја заврши својата професионална кариера.  Тој ќе го направи тоа на…