Дома Трансфер зона Нови информации за случајот „Нејмар“: Заминува за скоро истата сума за која беше купен?

Нови информации за случајот „Нејмар“: Заминува за скоро истата сума за која беше купен?

Шпанското радие „СЕР“ во јавноста излезе со информација за колку пари Нејмар ќе го напушти ПСЖ наредното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, Бразилецот ќе може да го напушти Париз идното лето за сума од 220 милиони евра, скоро идентично колку што ПСЖ и плати на Барселона.

„СЕР“ пренесува дека Нејмар постигнал договор со првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи кој оваа сезона сака од неговиот тим да ја освои Лигата на шампиони.

Во медиумите, поточно во каталонскиот „Мундо Депортиво“ вчера се појави вест дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но „СЕР“ тврди дека Реал Мадрид во овој момент е прв кандидат да го доведе во своите редови.

Ќе потсетиме, Нејмар во ПСЖ пристигна за сума од 222 милиони евра, но и ова лето се поврзуваше на големо со трансфер во Мадрид.

ney

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…