Само една година откако за рекордна сума од 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ започнаа приказните за најавите дека Нејмар сака да се врати во Барселона.
„Ел Мундо Депротиво“ повторно ја актуелизираше приказната за која се пишуваше и во текот на летото – дека Нејмар жали што заминал и сака да се врати во Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонскиот медиум пишува дека на Бразилецот му недостасува градот, стадионот, но и поранешните соиграчи со кој останал во контакт.
Француската лига ПСЖ ја освојува без поголеми проблеми и останатите тимови во главно се борат за втората позиција. Насер Ал Келаифи му ветуваше на Нејмар дека околу него ќе изгради тим кој ќе ја освои Лигата на шампионите, но и покрај тоа што парите не се проблем, ПСЖ се уште чека на поголем успех во Европа – нешто кое истото така не му се допаѓа на Бразилецот.
Реномираниот медиум тврди дека Нејмар сега кога видел дека неговиот клуб не може да конкурира за трофејот во најелитното европско натпреварување изразил желба да се врати во Барселона, но тоа не е ништо ново и веќе се пишуваше.
Најновата причина поради која Нејмар наводно не сака да остане е – Килијан Мбапе! Токму кога Нејмар успеа да го неутрализира претходниот „газда“ во соблекувалната на ПСЖ, Едисон Кавани се појави 19 годишниот тинејџер кој експресно се искачи помеѓу светските ѕвезди и така скоро и да го засени Нејмар.
За крај „Мудно Депортиво“ наведува дека ако претходно на ова во Барселона гледале како невозможна мисија сега на опцијата за враќање на Нејмар и на неговото самопонудување се гледа како реална опција која е комплицирана, но не и невозможна.
? [MD] | Neymar Is Not Impossible
? The Brazilian is still offering to return and Barça no longer discards it outright.
? The directive will only activate the operation if the technician requests it.
? Umtiti shows signs of improvement and Valverde summons 'Chumi' pic.twitter.com/ghr0pc6ZRi
— BarcaTimes (@BarcaTimes) October 16, 2018