Дома Топ вести Нови „галактикоси“: Покрај Мбапе во Реал пристигнуваат уште две ѕвезди

Нови „галактикоси“: Покрај Мбапе во Реал пристигнуваат уште две ѕвезди

Реал Мадрид спрема големи засилувања во летниот преоден рок и покрај фактот што „кралевите“ играат одлична сезона.

Неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат Реал на крајот на сезоната (Иско, Бејл, Азар…), а главна ѕвезда на преодниот рок треба да биде Килијан Мбапе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал веќе има договор со ѕвездата на ПСЖ и Мбапе се очекува да пристигне како слободен агент на „Сантиаго Бернабеу“, но покрај него Реал работи на доведување на уште две ѕвезди.

Реал ќе добие засилувања и во одбраната и во средниот ред. Антонио Рудигер од Челси се очекува како слободен агент да пристигне во Мадрид, а според „АС“, договорено е и доаѓањето на Орелиен Чуамени.

Одличниот играч за врска на Монако треба да биде наследник на Каземиро во средниот ред, а за него „кралевите“ ќе платат 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…