Дома Фудбал Нова сезона, стара слика: Азар го пропушта стартот на сезоната

Нова сезона, стара слика: Азар го пропушта стартот на сезоната

Белгискиот репрезентативец Еден Азар ќе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид од новата сезона во Ла Лига, пренесуваат шпанските медиуми.

Тој се жали на повреда на глуждот и нема изгледи да се опорави до недела, кога „кралевите“ му гостуваат на Реал Сосиедад.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Поради овој проблем, Азар не учествуваше на натпреварите на неговата репрезентација од Лигата на нации пред една недела. Меѓутоа, и покрај повредата тој се одзва на повикот на Белгија, што го налути Реал Мадрид.

Минатата сезона Азар имаше здравствени проблеми и ја заврши со само еден гол во шампионатот, притоа пропушти голем број на натпревари поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…