Дома Топ вести НОВА БОМБА: Меси уште во јануари се сели во Премиер лигата

НОВА БОМБА: Меси уште во јануари се сели во Премиер лигата

Лео Меси во јануарскиот трансфер период би можел да ја напушти Барселона, пишуваат шпанските и британските медиуми.

Како што јавува „Goal.com“, повикувајќи се на „AS“, Манчестер Сити е подготвен да понуди неверојатни 400 милиони евра на Барселона, клубот каде што Аргентинецот ја помина целосната фудбалска кариера.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тешко е да се процени дали оваа причина има реални основи, иако оваа информација ја пренесуваат угледни медиуми кои ретко кога грешат. Но, сомнежот е поттикнат од фактот дека Меси официјално не потпиша нов договор со својот клуб, иако од каталонскиот клуб неколку пати изјавија дека „се е договорено“.

Манчестер Сити оваа сезона во англиската Премиер лига игра одлично, а експертите го сметаат за најголем фаворит за освојување на титулата. И Барса исто така имаше одличен старт и е лидер во Примера.

Минатото лето и траснферот на Нејмар во ПСЖ ги сруши сите илузии за невозможното во спортот. Ниту трансферот на магичниот Аргентинец не би смеел никого да изненади…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…