Дома Фудбал Италија Нов скандал во Торино: На фудбалер на Јувентус му се заканува суспензија од три години!

Нов скандал во Торино: На фудбалер на Јувентус му се заканува суспензија од три години!

Само една недела откако Пол Погба падна на допинг-тест, нова афера го тресе најтрофејниот италијански клуб.

Сега во центарот на вниманието е Николо Фаџоли кој е обвинет за обложување. Добро познато e дека професионалните фудбалери немаат право да се обложуваат поради влијание на исходот на натпреварите, а изгледа дека Фаџоли тоа правило на ФИФА и УЕФА не го почитувал.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанецот бил под лупа повеќе месеци со постапката се запознаени и адвокатите на Јувентус и се чека да се изнесат доказите против младиот фудбалер.

Казната ако се потврдат обвинувањата може да изнесува дури и 25.000 долари, како и суспензија на три години. Фаџоли има 22 години и таква суспензија може да биде навистина тежок удар за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…