Се враќа Рафаел Надал полека во натпреварувачка форма после повредата, но никако да оствари победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Надал учествува на егзибициониот турнир во Абу Даби каде што вчера беше поразен од Енди Мареј, а денес во мечот за трето место изгуби од Денис Шаповалов.




Шаповалов го доби мечот со 2:1 во сетови. Бидејќи е езгибиција третиот сет се играше до 10 освоени поени. Во првиот Надал беше одличен и парираше на младиот тенисер, успеа да го добие во тај брејк со 7:4. Во вториот сет Шаповалов славеше со 6:3.
Во одлучувачкиот трет Шаповалов оствари победа од 10:6 во поени. Во финалето на овој турнир ќе играат Андреј Рубљов и Енди Мареј.