Дома Актуелно Нејмар со емотивна порака до играчите и навивачите на Барселона (Видео)

Нејмар со емотивна порака до играчите и навивачите на Барселона (Видео)

Нејмар од вечерва и официјално е дел од париски ПСЖ со кој потпиша петгодишен договор.

Нејмар по четири сезони одлучи да ја напушти Барселона што ни најмалку не им се допаѓаше на фановите на каталонскиот клуб. ПСЖ на сметката на Барселона префрли неверојатни 222 милиони евра, а Нејмар годишно ќе заработува по 30 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако е прогласен за предавник од страна на навивачите на Барселона, тој одлучи да им се обрати на играчите и фановите со емотивна порака на својот фејсбук профил.

„Кога бев дете сонував да играм со големи ѕвезди и тоа го остварив кога имав 21 година и потпишав за Барселона. Играв со идолите како што се: Меси, Чави, Иниеста, Пујол, Бускетс и многу други. Чест ми е што играв со најдобрите играчи, особено со Меси за кого се сомневам дека ќе видам некогаш подобар од него“, истакна Нејмар и додава:

„Го сочинував триото со Меси и Суарез и остварив се што можев. Ја засакав Барселона и Каталонија тука беше мојот втор дом. Но, како и секој спортист сфатив дека е време за друг предизвик. По вторпат се спротивставив и одлучив да го променам клубот. Барса и Каталонија засекогаш ќе бидат во моето срце, но сакам нови предизвици. Барселона благодарам на се, Париз доаѓам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Емерик Лапорт се сели во Серија А

Емерик Лапорт пред две години го напушти Манчестер Сити и одлучи кариерата да ја продолжи …