Дома Фудбал Нејмар: Саудиската лига е посилна од француската

Нејмар: Саудиската лига е посилна од француската

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Нејмар летово се пресели од ПСЖ во саудискиот клуб Ал Хилал, приклучувајќи се на бранот ѕвезди што го напуштаат европскиот фудбал.

Нејмар на медиумската конференција на бразилската репрезентација зборуваше за својот трансфер и го искористи за промоција на саудиската лига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Фудбалот е ист во Саудиска Арабија како и секаде на друго место. Топката е тркалезна, како и во сите други земји.

Кога ќе ги погледнете сите имиња во таа лига, може да биде дури и посилна од француската лига. Сите што се противат на арапската лига , наскоро ќе почнат да ја следат бидејќи ќе стане уште посилна“, рече тој.

“Сакам да освојувам трофеи со Ал-Хилал. Не ми е грижа што велат луѓето. Ми рекоа дека француската лига е слаба, но најтешко ми беше да играм таму. Не верувам дека ќе ми биде тешко да се адаптирам. Не зборувам арапски, но по пет-шест години во Франција не знаев ни да зборувам француски“, призна Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатна фудбалска приказна: Двапати ја прекинуваше кариерата, му се закануваа по живот, а сега оди на Светското првенство

Фудбалот е тој што често пишува животни приказни кои до некаде се и нереални, но и создава…