Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи повреда на задната ложа во пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Нигерија.
Нејмар после само 12 минути игра мораше да го напушти теренот бидејќи имаше проблеми со задната ложа. Тоа сигурно е голем удар за Бразилецот кој недамна се врати на теренот, а сега повторно го очекува пауза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од ПСЖ потврдија дека Нејмар ќе биде надвор од теренот месец дена. Од доаѓањето во ПСЖ овој играч не се изнаигра многу бидејќи во двете сезони по неколку месеци отсуствува од теренот.
Нејмар од доаѓањето во Европа имаше јасна целм а тоа е да стане најдобар играч на светот. Некои работи не му одеа добро иако одлично играше во Барселона, а најголемата причина е одличната форма на Меси и Роналдо.
Но, после тоа замина во ПСЖ за да излезе од сенката на МЕси, но повредите го направија своето. Француските медиуми објавија дека Нејмар од доаѓањето во Европа бил надвор од теренот повеќе од една година поради проблеми со повредите.
Поточно, од летото 2013 година Нејмар е надвор од теренот цели 469 дена, односно една година и три месеци.