Дома Фудбал Останато Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Нејмар највреден фудбалер на светот, Роналдо го нема во Топ 10

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар во моментов е фудбалер со најголема вредност и е проценет на 229,1 милион евра.

Проценките се направени на основа на многу параметри, како годините на играчоте, должината на договорот, комерцијални активности и слично.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Бразилецот се наоѓа пред клупскиот колега Килијан Мбапе кој е проценет на 215 милиони евра, додека на третото место е Лионел Меси со вредност од 203,3 милиони евра.

На четврто место е ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах со вредност од 168,3 милиони, а потоа следуваат Хари Кејн (151,1 милион) и Еден Азар (148,2 милиони).

Во Топ 10 се уште Кевин де Брујн (129,4), Антоан Гризман (125,6), Пол Погба (119,3) и Филипе Кутињо (118,2) милиони евра.

Ѕвездата на Јувентус Кристиано Роналдо се наоѓа на 12-то место и е проценет на 107,3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик жестоко реагира кон својот тим: Ќе мораме сериозно да разговараме!

Барселона извојува убедлива победа во реваншот од полуфиналето на Кралскиот куп против Атл…