Дома Трансфер зона Нејмар нареди, Барселона направи – Во Барса пристигнува играчот на Сантос

Нејмар нареди, Барселона направи – Во Барса пристигнува играчот на Сантос

Барса речиси сигурно го обезбеди потписот на ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати.

Но, сепак денеска доаѓа вест дека од Бразил е договорено засилување: 27-годишниот играч за врска Лукас Лима.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лима игра за Сантос, клубот од кого на „Камп Ноу“ пристигна Нејмар пред четири години. Токму и тој е најзаслужниот што Лима оваа зима ќе стане играч на Барселона.

Како што пишуваат медиумите, на 31. декември му истекува договорот со Сантос и во Барселона ќе пристигне без надомест, а бразилскиот „Fox Sports“ пишува дека Нејмар им наредил на Каталонците да го доведат Лима.

Нејмар и Лима се колеги од репрезентацијата каде што Лима во последните две години запиша 14 настапи, но главната причина што Нејмар ургира за овој трансфер е во тоа што менаџер на Лима е таткото на Нејмар.

Новинарот Бенџамин Бек од Бразил известува дека Лима ќе потпише четиригодишен договор со Барселона и ќе ја заостри конкуренцијата во средината на средниот ред каде што на Каталонците хронично им треба освежување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …