Пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Уругвај одигран во петокот го обележи судирот помеѓу Нејмар и Едисон Кавани, соиграчите од ПСЖ кои се најдоа на спротивни страни.
Од поодамна е јавна тајна е дека помеѓу двајцата фудбалери има нетрпеливост, а ситуацијата стана интересна после споменатиот дуел помеѓу двајцата фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега на таа тема се огласи и Нејмар кој имаше дипломатски одговор.
„Некои сакаат да направат конфликт таму каде што го нема. Мојот дуел со Кавани е момент на натпреварот и ништо повеќе од тоа. Ние сме колеги и парнтери во ПСЖ, ништо не се случи“, изјави Нејмар.
И Кавани претходно имаше сличен коментар изјавувајќи дека тоа е дуел во жар на борбата бидејќи на теренот емоциите е тешко да ги контролирате.
Иначе токму Нејмар беше единствениот стрелец во натпреварот помеѓу Бразил и Уругвај (1:0).
https://www.youtube.com/watch?v=rFLD9yV1lpE