Дома Фудбал Италија Нестор е „шоуменот“ во Удинезе!

Нестор е „шоуменот“ во Удинезе!

Според зборовите на голманот на Удинезе Хуан Мусо македонскиот напаѓач Илија Несторовски е главниот човек за забава и шеги во соблекувалната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мусо доби прашање од италијанските медиуми кој е најлудиот во соблекувалната, а во таа прилика тој го кажа името на нашиот фудбалер.

„Тешко прашање бидејќи во нашата соблекувална има повеќе „лудаци“, но прв кој ми паѓа на памет е Несторовски.  Само што ќе го видите сфаќате дека е „луд“. Постојано се шегува и ги смее останатите“, изјави Мусo.

Ќе потсетиме, Несторовски во Удинезе пристигна летово после колапсот кој му се случи на Палермо.

Својата смисла за хумор Несторовски ја покажа и неодамна кога го исмејуваше ВАР кога погоди против Сампдорија, откако претходно еден гол му беше поништен поради новата технологија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразилската легенда за Анчелоти: Не смее да остане селектор по ова фијаско!

Една од најголемите легенди на бразилскиот фудбал, Ромарио, жестоко го нападна тренерот на…