Дома Фудбал Германија Нереални сцени во Бундеслигата: Хофенхајм и Баерн одбија да играат и си додаваа цели 15 минути (видео)

Нереални сцени во Бундеслигата: Хофенхајм и Баерн одбија да играат и си додаваа цели 15 минути (видео)

Натпреварот помеѓу Хофенхајм и Баерн Минхен се случи нешто до сега невидено на фудбалските терени.

Баварците беа супериорни и уште после првото полувреме водеа со 4:0, а вториот дел го започнаа во истиот ритам и постигнаа уште два гола.

На 15 минути пред крајот навивачите на Баерн Минхен истакнаа транспарент со крајно навредлива порака кон сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, еден од најмоќните луѓе во Германија, нарекувајќи го „ку*кин син“.

Тоа беше причина судијата да го прекине мечот, а после десетина минути беше донесена одлука да се доигра.

Фудбалерите се вратија на теренот, но НЕ ИГРАА, само си ја подаваа топката на средината од теренот и чекаа да заврши мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…