Рафаел Надал по двете победи на турнирот во Бризбејн доживеа елиминација во полуфиналето и тоа во меч во кој имаше три меч топки.
Подобар од Надал беше Џордан Томпсон кој по голема борба која траеше повеќе од три часа го совлада Шпанецот со 5:7, 7:6 и 6:3.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Надал веднаш во првиот сет претрпе брејк, но успеа да се врати и го добие сетот. Во вториот сет Рафа имаше меч топка на 5:4, меѓутоа ја промаши, па се влезе во тај-брејк.
Таму Надал водеше со 3:0, а пропушти и зицер на 6:4. Австралиецот успеа да спаси и трета меч топка, за потоа да израмни, па да го добие и третиот сет за конечна победа.