Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи.
Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука.
Малдини веќе започна преговори со Челзи за откуп на дефанзивецот и се обиде да ја намали цената, но „сините“ не сакаат да прават компромис.
Меѓутоа, тоа не ја спречи намерата на „росонерите“ да го задржат Томори и ќе ја активираат откупната клаузула од 28 милиони евра.