Дома Фудбал Англија Нема ниту еден настап за Сити, а Гвардиола сака да го задржи: Многу е важен за нас

Нема ниту еден настап за Сити, а Гвардиола сака да го задржи: Многу е важен за нас

Meнаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има голема почит кон искусниот голман Скот Карсон.

Овој 35 годишен фудбалер е позајмен од Дерби веќе втора сезона. Позајмицата му истекува на крајот од сезоната како и договорот со овој клуб, а Пеп сака да го задржи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карсон има улога на трет голман зад Едерсон и Зак Стефен, но неговото присуство во соблекувалната има големо значење, тврди Гвардиола.

„Имам еден играч, голман кој е многу важен за нас, тоа е Скот Карсон. Тој е капитен зад сцената. Го нема во медиумите и на теренот, но во соблекувалната е како капитен. Важен е за нас и се надевам дека ќе остане тука уште долго“, изјави Пеп.

Карсон кариерата ја започна во Лидс. Промени бројни екипи, а играше уште за Ливерпул и Астон Вила. За Сити се уште не запишал официјален настап, но после ова изјава на Пеп нема да биде изненадување ако до крајот на сезоната го видиме на некој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…