Дома Трансфер зона Незадоволниот Кимпембе побара трансфер

Незадоволниот Кимпембе побара трансфер

Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе побарал од раководството да му биде дозволен трансфер, бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.

Раководството нема да му стои на патот и му порачало дека може да си бара нов клуб, а ПСЖ очекува за неговиот потпис да добие 50 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажува Јувентус, кој во Кимпембе гледа идеална замена за Де Лихт, кој е на излезна врата.

ПСЖ е во напредни преговори со Интер за трансфер на Милан Скриниар, па „светците“ веќе имаат спремна замена за Кимпембе.

Интерес за Кимпембе покажуваат уште Челзи и Атлетико Мадрид, па ПСЖ очекува понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…