Португалецот, Адриен Силва, поради задоцнување од само 14 секунди, во новата сезона не ќе може да настапува за тимот на Лестер.
Како што соопштија од ФИФА, барањето за регистрација на Силва од Спортинг во Лестер било одбиено, иако „лисиците“ платија веќе оштета во висина од 24 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причина за ваквиот пропуст на англискиот клуб е чекањето на Дени Дринквотер да премине во редовите на лондонски Челзи, но токму поради тоа документацијата за Силва Лестер ја исплати 14 секунди после полоноќ.
Од Лестер се фрустрирани поради ваквиот исход бидејќи сметаат дека сите потребни документи биле испратени пред завршувањето на преодниот рок, но официјалните документи го говорат спортивното.
„Лисиците“ притискаат за решавање на проблемот, но доколку не успеат Силва ќе има право за настап дури од јануари наредната година.