Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНО: Судија во Англија на сите им додели црвени картони

НЕВЕРОЈАТНО: Судија во Англија на сите им додели црвени картони

Во дербито од петтата англиска лига помеѓу Јеовил и Бромли, судијата направи нешто што никој пред него сигурно не го нарпавил.

Судијата Арон Џонсон подели црвени картони на сите собирачи на топки. Имено, во финишот од натпреварот Џонсон исклучи едно дете, а неколку минути подоцна ги загуби нервите, па црвени картони подели и на сите останати собирачи на топки.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


За тоа јавноста беше известена преку официјалниот Твитер профил на Јеовил. Но, подоцна се испостави дека судијата на тој начин ги казнил децата поради задржување на време. Тие сакале да „украдат“ од времето, бидејќи домаќинот имаше водство од 3:1, а со тој резултат и натпреварот заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле во победничкиот говор ги издвои Меси и Иниеста, брзо доби одговор

Французинот Усман Дембеле беше избран за најдобар фудбалер во светот за 2025 година, а во …