Брегот на Слоновата коска во групата А забележа една победа и два порази, поради што Сојузот го отпушти селекторот Жан-Луј Гасет.
Сега Брегот на Слонова коска испрати барање до Француската федерација да и го позајми селекторот на женската репрезентација, Ерв Ренар до крајот на Африканскиот куп на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
55-годишниот тренер одлично го познава фудбалот во Африка. Тој беше на чело на Брегот на Слоновата Коска во 2014-2015 година, а раководеше и со Замбија, Ангола и Мароко.
Бидејќи противник во нокаут фазата им е бранителот на трофејот, Сенегал, челниците на федерацијата на БСК сакаат до 29 јануари да го „позајмат“ Ренар.
🚨🇨🇮 Ivory Coast want to hire France women's manager Hervé Renard 'on loan' for the rest of their AFCON campaign, reports @lequipe. 👨🏫 pic.twitter.com/b71qKmlgXg
— EuroFoot (@eurofootcom) January 25, 2024