Французите знаат како се освојува Мундијал, а последен пат беа прваци во 1998. година.
Она што остана запамтено е изјава на еден од учесниците на победничката генерација Биксенте Лизаразу. Тогаш по натпреварот со „кариоките“, изјави дека е „премногу рано што „петлите“ го освоија Светското првенство, и дека вистинскиот момент ќе дојде за 20 години!“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Звучи навистина интересно, но изгледа дека можеби Лизарзу и ги предвиде случувањата од Светското првенсво во Русија. Сега, кога Французите изборија пласман во финалето на Мундијалот ги чека уште еден противник до крајната цел, а до самиот врв ќе ги чека Хрватска или Англија.
Прво Французите мирно ќе го гледаат полуфиналето, а потоа ќе направат тактика за финалето. Французите во борбата за златото се главен фаворит без оглед на противникот во финалето, кој ќе се обиде да ги спречи. Меѓутоа, финале е финале, се запира во 90 минути, тука фаворит нема и оној кој ќе има поголема желба и трпение ќе се закити со победничкиот трофеј.