Можеби звучи неверојатно, но еден од фудбалерите кој го освои насловот првак на светот со селекцијата на Франција, никогаш не загубил натпревар во дресот на оваа репрезентација.
Се работи за дефанзивецот на Штутгарт Бенџамин Павард. Тој на изненадување се најде во финалниот список на Дешамп и одигра феноменално на позицијата десен бек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Настапи на сите натпревари на СП, а вкупно за националниот дрес на Франција во сите категории одигра 31 натпревар.
Тргна од У19 селекцијата и стигна до А тимот. Никогаш со спуштена глава не го напуштил теренот, што секако е импресивен податок.
После титулата првак на светот Павард сигурно ќе има богати понуди, а неговата цена драстично се зголеми.