Дома Трансфер зона Неверојатно: Додека Дембеле чекал лет за Париз, неговиот менаџер го саботирал трансферот

Неверојатно: Додека Дембеле чекал лет за Париз, неговиот менаџер го саботирал трансферот

Усман Дембеле се уште е член на Барселона бидејќи ПСЖ до полноќ не успеа да ја активира откупната клаузула.

Сега работите се менуваат, но шпанските медиуми велат дека токму неговиот агент Муса Сисоко на крајот саботирал од добро позната причина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека ПСЖ покажа огромен интерес за доведување на Дембеле, со кого веќе ги договорија условите за петгодишен договор и се очекуваше до полноќ да ја активира откупната клаузула од 50 милиони евра, но тоа не се случи.

Сега ситуацијата драстично се менува во корист на Барселона бидејќи од полноќ откупната клаузула на Дембеле е двојно повисока, а ПСЖ може да го доведе за 100 милиони евра, што секако не беше план на овој клуб.

Дембеле вчера наутро се согласил на договорот што го понудил ПСЖ и бил сигурен дека ќе биде играч на тој клуб до крајот на денот, но според шпанските медиуми, се` саботирал неговиот агент Сисоко.

Во Франција и Шпанија владее неверување поради потегот на менаџерот на Дембеле, кој повторно прави хаос во кариерата на својот клиент, а секако главната причина за тоа се парите.

Имено, причината поради која Сисоко го саботирал активирањето на клаузулата за Дембеле од страна на ПСЖ, е тоа што би заработил многу помалку отколку што очекува, па дури би морал да даде најголем дел од парите за плаќање данок во Шпанија.

Поради ова, Сисоко наводно имал проблем да ги заврши документите пред полноќ, а кога истекол рокот тој веднаш почнал да работи.

Имено, единствен начин Сисоко да заработи повеќе е ПСЖ да не ја активира откупната клаузула на Дембеле, туку да преговара за нова цена со Барселона и во тој случај неговиот бонус би бил многу поголем.

Сега каталонскиот клуб е во многу подобра позиција бидејќи може да бара повеќе пари од 50 милиони евра, а им помага и фактот што Дембеле веќе се договорил со Парижаните.

Се шпекулира дека Барса и ПСЖ денеска ќе започнат преговори бидејќи целта на двата клуба е да го комплетираат трансферот до крајот на неделата. Барселона ќе бара околу 80 милиони евра и ќе биде интересно дали ПСЖ ќе се согласи на таа цена.

Инаку, Дембеле ги продолжува подготовките со Барселона и синоќа беше во авион за Лас Вегас каде Каталонците ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …