Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд оваа сезона во дресот на Манчестер сити постигна 30 гола на 27 настапи во Премиерлигата.
Норвежанецот вкупно постигна 44 голови на 38 меча за „граѓаните“ во сите конкуренции и потребни му се само уште четири гола за да се израмни со Енди Кол и Алан Ширер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е тоа што Халанд има повеќе постигнати голови од дури осум премиерлигаши, а тоа се Челси, Вулверхемптон, Вест хем, Кристал палас, Бормут, Евертон, Нотингем Форест и Саутемптон.
„Граѓаните“ до крајот на сезоната играат уште осум натпревари во елитата, а ривали ќе им бидат Лестер, Арсенал, Фулам, Вест хем, Лидс јунајтед, Евертон, Челси и Брентфорд.