Дома Останати Кошарка НБА Неверојатен пресврт на Голден Стејт, одличен Јокиќ и пораз на Денвер, Јута продолжува да победува 🎥

Неверојатен пресврт на Голден Стејт, одличен Јокиќ и пораз на Денвер, Јута продолжува да победува 🎥

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Вечерта ја обележаа кошаркарите на Голден Стејт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На свој паркет тие славеа против Мајами. Хит водеше скоро во текот на целиот натпревар, на шест минути до крајот имаа и 16 разлика, но тогаш започна големиот пресврт. Најзаслужни за победата беа Кари, Безмор, Вигинс и Оубр секој од нив имаше 20 или повеќе поени. Кај Мајами Адебајор со 24 и Нун со 19 беа најефикасни.

Никола Јокиќ одново одигра добар натпревар со 33 поени, 35 постигна и Џамал Мареј, но тоа не беше доволно за Денвер да слави против Визардси. Тимот на Јокиќ беше поразен со 130:128. Кај победничката екипа Бертанс постигна 35 поени, додека Бил додаде 25.

Одличен натпревар беше одигран во Њу Орлеанс каде што Блејзерси извлекоа победа со 126:124. Одличен натпревар одигра Демијан Лилард со 43 поени и 16 асистенции, а имаше голема помош и од Трент со 23. Кај Пеликанс одличен беше Вилиамсон со 36 поени.

Лилард пред крајот на натпреварот со „кош-фаул“ го реши прашањето на победникот.

Јута ја продолжи својата победничка низа во Лос Анџелес каде што славеше со 114:96. Клиперси играа без двете свои најголеми ѕвезди Пол Џорџ и Каваи Ленард.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Мемфис – Оклахома 122:113, Минесота – Индијана 128:134, Чикаго – Детроит 105:102, Филаделфија – Хјустон 118:113, Бостон – Атланта 114:122, Орландо – Њујорк Никси 107:89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…