Навивачите забележаа брилијантен начин како Манчестер Јунајтед го исмева својот градски ривал Манчестер сити по дебаклот на граѓаните во Лигата на шампионите.
Во последните години, па дури и една деценија, Манчестер јунајтед немаше многу прилики да се исмева со најголемиот градски ривал кој доминира во Англија и европскиот фудбал. Сепак, синоќа ја искористија првата ваква можност.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер сити доживеа тежок дебакл во Лигата на шампионите и беше поразен од Спортинг Лисабон со резултат 4:1. Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим ги брои последните часови на клупата на тој тим и наскоро ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ го искористија овој момент за мала провокација кон ривалот.
Веднаш по крајот на натпреварот Спортинг – Манчестер сити. Манчестер јунајтед повторно го објави истото соопштение како пред неколку дена кога Аморим и официјално беше претставен како нов тренер на Манчестер јунајтед.