Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ побарал да ја напушти Фиорентина пренесува „Кориере Фиорентина“.
Иако на почетокот изгледаше дека Фиорентина може да биде вистинска дестинација за Јовиќ да се врати на елитната мапа голгетери, тоа повеќе не е случај. Српскиот напаѓач побарал да замине од клубот и од својот агент, Фали Рамадани побарал да работи на негов трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стратегот на Фиорентина, Виченцо Италијано исто така не би имал ништо против да пронајде повеќе продуктивен напаѓач. Наводно нивниот однос станал „ладен“ и тоа е уште една од причините поради кои би можело да дојде до разделба.
До крајот на зимскиот преоден рок има уште десетина дена и за Јовиќ веројатно нема да биде лесно да пронајде клуб по неговата желба.
Проблем пред се може да биде платата која ја има во Фиренца, но и тоа што Фиорентиан треба да се откаже од 50% од оштетата која ќе биде платена за таа да ја добие Реал Мадрид.